Свет
Шефот за итни случаи во Мауи поднесе оставка по критиките за предупредување од шумскиот пожар
18.08.2023 08:49
Херман Андаја денеска поднесе оставка, еден ден откако изјави дека не жали што не користел сирени за да ги предупреди жителите за шумскиот пожар во кој загинаа најмалку 111 луѓе.

Директорот на Агенцијата за вонредни состојби во Мауи, Херман Андаја денеска поднесе оставка, еден ден откако изјави дека не жали што не користел сирени за да ги предупреди жителите за шумскиот пожар во кој загинаа најмалку 111 луѓе.
Одлуката на Агенцијата, заедно со недостигот на вода што ги спречи пожарникарите да го изгаснат пожарот и блокирањето на рутата за евакуација, предизвика остри критики кај жителите на островот, јавија американските медиуми.
