Квалитет на земјоделските производи за поголема конкурентност
22.05.2014 10:06
Квалитетот на земјоделските производи содржи пазарни стандарди за заштитени производи и преработки. Тие се гарантирани со ознаката за потеклото и дека се традиционалчен специјалитет...

Државата ги поддржува сите предлози за утврдување минимум квалитет и стандарди на земјоделските производи за пласман на пазарот.
Треба да се зголеми нивната конкурентност, бројот на поскапите преработки и информираноста на потрошувачите. Ќе има податоци за планирањето, следењето и контрола од институциите за движењата и квалитетот на пазарите.
Процесот ќе се воведува во фази, со подготвеноста на земјоделците за осовременување на работењето.
За квалитетот на млекото, потребна е изградба на лаборатории кои, постепено ќе го следат начинот на производството и достигнувањето на Европските стандарди.
Ова не значи дека сегашното млеко не е квалитетно,туку само треба да се усогласи со пазарните прописи во Унијата.
Методија Трајков
