Култура

Почнува 15. издание на фестивалот „Бош“ во Гевгелија

18.08.2023 10:56

Во програмата на фестивалот влегуваат изложби, музика, филмски проекции, поезија, книжевност, перформанси и видеоинсталации...

Од денеска до 20-ти август, во Гевгелија ќе се одржи петнаесеттото издание на фестивалот за култура „Бош“. Во програмата влегуваат изложби, музика, филмски проекции, поезија, книжевност, перформанси и видеоинсталации.

Фестивалот ќе биде отворен со изложбата „Простор“ на Ана Марија Митриќеска-Калчева поставена во Градскиот амам во 20 часот и ќе бидат изложени дела, акрил на платно.