Свет

СЗО ја следи новата варијанта на Ковид

18.08.2023 11:20

СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот билтен.

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, за која моментално е непознато потенцијалното значење на бројните мутации.

СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот билтен.

Досега новата верзија е пронајдена во Израел, Данска и САД.