Обвинителство: Да престане злоупотребата на случајот со модуларната болница
Во соопштението до јавноста наведуваат дека е лажно тврдењето оти сакале да ја прикријат германската експертиза и додаваат дека ова вештачење било изработено на барање на обвинителството.

Вештачењето изготвено од германските експерти за пожарот во модуларната болница бил важен доказ кој обвинителството го предложи и изведе во постапката пред судот, а тоа го потврдува и објавената аудиоснимка – велат од јавното обвинителство.
Во соопштението до јавноста наведуваат дека е лажно тврдењето оти сакале да ја прикријат германската експертиза и додаваат дека ова вештачење било изработено на барање на обвинителството.
Од оваа институција апелираат да не се злоупотребува случајот бидејќи е во тек жалбена постапка, а постои и уште еден предмет, кои може да претрпат сериозна штета.
