ХАВАИ

Се проценува штетата од шумските пожари на Хаваи

18.08.2023 12:27

Бројот на загинати во катастрофата се искачи на 111. Претседателот на САД, Бајден, вети дека американската федерална влада ќе остане посветена на луѓето во Мауи...

Хаваи ја проценува штетата од шумските пожари во Мауи. Бројот на загинати во катастрофата се искачи на 111.

Претседателот на САД, Бајден, вети дека американската федерална влада ќе остане посветена на луѓето во Мауи додека се опоравуваат, обновуваат и тагуваат, по шумските пожари што го уништија градот Лахаина. Испратен е персонал за итни случаи и храна.

Уништени се околу 2.200 згради. Причината за шумските пожари, најсмртоносните во сад во повеќе од еден век, е под истрага.