Нигер

ЕКОВАС во Гана разговараа за кризата во Нигер

18.08.2023 12:30

Ова е прв состанок, откако ЕКОВАС нареди распоредување на „сила на подготвеност“, минатата недела, за да се врати уставното владеење во земјата....

Шефовите на одбраната од западноафриканскиот регионален блок, ЕКОВАС, во Гана разговараа за кризата во Нигер, откако истече рокот за бунтовничките војници да го ослободат и да го вратат претседателот Базум или ќе се соочат со воена интервенција.

Базум беше соборен во јули и останува во домашен притвор со сопругата и синот во главниот град Ниамеј.

Ова е прв состанок, откако ЕКОВАС нареди распоредување на „сила на подготвеност“, минатата недела, за да се врати уставното владеење во земјата.