Ќучук: ЕУ нема да го смени ставот, ниту ќе има подобар предлог за Mакедонија
Нема да има подобар предлог оти овој е најдобриот. Никој не поставува дополнителни услови. И ова не е никаков бугарски диктат, туку европски правила, кои Северна Македонија мора да ги следи, изјави Ќучук...

Европската унија нема да го смени ставот, ниту ќе има подобар предлог за Mакедонија, изјави известувачот на Eвропскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук уверувајќи дека освен уставните промени нема да има дополнителни услови за продолжување на преговорите.
„Нема да има промена на ставот на ЕУ, ниту има желба за промена на правилата во Европската комисија и во Советот на ЕУ на неколку месеци пред европските избори. Правилата се такви, договорени и сите треба да ги почитуваат. Нема да има подобар предлог оти овој е најдобриот. Никој не поставува дополнителни услови. И ова не е никаков бугарски диктат, туку европски правила, кои Северна Македонија мора да ги следи“, изјави Ќучук додавајќи дека изборот е исклучиво на Македонија, и ако ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде на страна на европеизација, одговорноста е на партијата.
