Уставот досега има претрпено осум измени, во собраниска процедура влегува предлогот за деветта
Првите измени на Уставот се усвоени на 6 јануари 1992 година, со кои се утврди дека државата нема територијални претензии кон соседните држави и нема да се меша во суверените права и внатрешните работи на други држави...

Највисокиот правен акт, Уставот, досега има претрпено осум измени со 36 амандмани. Во собраниска процедура влегува владиниот предлог за нова, деветта измена со која се предвидува во Преамбулата да се внесат бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.
Првите измени на Уставот се усвоени на 6 јануари 1992 година, со кои се утврди дека државата нема територијални претензии кон соседните држави и нема да се меша во суверените права и внатрешните работи на други држави. Последен пат беше променет на 11 јануари 2019 година, кога се изгласаа четирите амандмани за менување на државното име како резултат на преспанскиот договор.
