Високите казни не ги премислуваат рибокрадците
Високите казни кои достигнуваат и до пет илјади евра не ја намалија појавата на рибокрадство, велат од велешкото Здружение на спортски риболовци - Бабуна. Нивната рибочуварска служба при последната контрола на езерото Младост откри шест диво поставени мрежи. Уловот во нив би можел да биде и до 200 килограмни риба. За среќа овојпат тие празни се извлечени на бргот...

Откриените шест риболовни мрежи со вкупна должина од 200 метри, се доказ дека велешкото езеро Младост и понатаму е мета на рибокрадците. Рибочуварите на ЗСР Бабуна велат добро е што овојпат мрежите се празни, но лошо е што неуспеавме да ги фатиме на дело, оние кои истите ги поставија.
„Претпоставуваме, знаеме кој се по некој претпоставки наши и веруваме дека се тие оти на прсти се бројат а за осомничени тоа го оставама на истаржните органи“ рече Томе Илиевски секретар на ЗСР Бабуна.
За да се спасат рибниот фонд во реката Вардар и езерото Младост рибочуварите ги зачестија контролите. Но модерната технологија велат тие си го прави своето, навремената дојава е причина оваа година само во два наврати покрај мрежите да бидат фатени и рибокрадците.
На водните ревири кои под концесија ги има риболовното друштво Бабуна во изминатите пет месеци фатени се 19 мрежи. Од риболовното друштво велат казните се високи но рибокрадството никако да запре.
Во Основниот суд во Велес, годинава поднесени се две пријави за сторено кривично дело рибокрадство. Запленетите риболовни мрежи, Здружението нема да ги запали како што беше пракса досега туку истите ќе бидат предадени на Агенцијата за одземен имот.
Дијана Иванова
