И натаму проблеми со специјалистички термини во „Мој термин“ откако докторите од јавното здравство заминуваат во приватните болници
Пациентите не можеле да добијат упат за на специјалист или рецепт за потребното лекарство од страна на матичните доктори. И натаму има проблеми со упат за специјалистички термин во „Мој термин“...

Состојбата со специјалистички термини во „Мој термин“ била сè полоша се жалат матичните доктори, и сè потешко се наоѓало време и установа, кога и каде пациентот може да биде упатен на специјалистички преглед. Ова, д-р Чолакова Дервишова, вели дека предизвикува здравствен туризам, патување на пациентите од еден до друг град, во потрага по слободен специјалистички термин.
Во текот на неделава не функционирал системот на „Мој термин“, имало технички проблеми, поради што матичните доктори не можеле да ги услужат пациентите, па морале да бидат вратени дома. Во тој период не можеле да се издаваат упати за на специјалист, ниту рецепти. Пациенти нивните реакции ги упатиле кон матичните доктори.
Барањата од приватните доктори, кои беа упатени кон претходниот министер за здравство, Сали, останале исти и во неколкуте средби со новиот министер, Меџити. Се однесуваат на електронско здравство, пациенти на приватна здравствена установа, бенефиции за руралните доктори.
Петар Печков
