30 години матура: Класен раководител доаѓа во Штип од Турција

22.05.2014 10:31

Ме поканија и јас дојдов- вели 80 годишниот поранешен професот во текстилното училиште во Штип кој допатува на прославата на 30 годишнината од матурата на своите некогашни ученици. Последниве 30 години тој живее во Истанбул, но добро се сеќава на своите ученици...

По 30 години, откога последен пат се видел со своите ученици, 80 – годишниот Реџај Газилер, допатува дури од Турција за повтоно да биде со своите ученици.

Во Штип него, на кратко го вратија матурантите од текстлиното училиште од генарацијата ’68/’69 година.

„Со семејството живеам во Истанбул. Добив покана од моите ученици, бев слободен и дојдов.  90 отсто ги познавам, ги паметам. Беа одлична генерација, затоа и дојдов“, вели Реџај Газилер, класен раководител.

Оваа генерација матуранти, е последната на која Газилер и бил класен раководител, пред да се исели во Турција, но спомените од времето минати со нив,  свежо ги памети и денес.

„Бевме не екскурзија на Плитвичките Езера, сместувањето беше скапо, па цела вечер ја поминавме на отворено со песна и музика“, се сеќава Газилер.

А него, многу добро го паметат и неговите некогашни ученици.

„Беше  еден од најдобрите професори во училиштето“, вели еден од неговите некогашни ученици.

Оваа генерација матуранти дала исклучителни професионалци во својата струка , но на средбата  тие повторно беа само ученици со исти спомени

„Се чувствувам како да сум се вратил 45 години назад....Како пак да сем млади... Тогаш училиштето светеше. Ги соблекувавме чевлите и со еспадрили влагувавме внатре“, вели една од ученичките.

По матурската прослава Газилер пак ќе се врати во Истанбул. Назад во Штип може да го донесе само некоја нова генерација матуранти.

 

Оливера Жежова