Здравство

ИЈЗ: Во јули 952 лица со акутни заразни заболувања

18.08.2023 18:05

До Институтот пристигнале и две пријави за епидемии на заразна болест и две со дијагноза труење со храна...

Во јули годинава имало 952 лица со акутни заразни заболувања, што е за 57,1 процент зголемување во однос на истиот месец лани – покажува извештајот на Институтот за јавно здравје. До Институтот пристигнале и две пријави за епидемии на заразна болест и две со дијагноза труење со храна.
 
Минатиот месец најчесто регистрирано акутно заразно заболување се ентероколитите, со вкупно 430 пријавени лица. На второ место по број на пријавени заболени се овчите сипаници, со 389 случаи.