мвр

Лишен од слобода 20-годишник од прилепско, го претепал својот татко па го запалил

18.08.2023 18:41

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР...

Вчера полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Т.И.(20) од прилепско село затоа што физички го нападнал својот 51-годишен татко. Според пријавеното, тие и на 11.08.2023 имале семејна расправија, по што Т.И. со запалива течност го полил и запалил татка си, по што веднаш потоа со ќебе го изгасил огнот.

51-годишниот маж се здобил со изгореници, констатирани во ГОБ Прилеп. Т.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.