Денеска тргнува нов контингент помош за Босна и Херцеговина

22.05.2014 10:39

Оваа помош е дел од помошта обезбедена од индивидуални донации на граѓаните, донации од фирми и компании и залихите на Црвениот крст на РМ...

Граѓаните во Македонија и натаму собираат хуманитарна помош за настраданите од поплавите во Србија и во Босна и Хецеговина.

Од Црвениот крст на Македонија најавија дека денекса од магацинот во Момин поток ќе тргнат 6 шлепери со по 20 тона хуманитрна помош за настраданото население во Босна и Херцеговина. Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и во координација со амбасадата на Босна и Херцеговина во РМ.

Оваа помош е дел од помошта обезбедена од индивидуални донации на граѓаните, донации од фирми и компании и залихите на Црвениот крст на РМ. Логистичка  поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на РМ.

Од Црвениот крст соопштуваат дека во текот на вчерашниот ден беа собрани околу: 7 тони храна, 4 тони хигиена, 1.500 ќебиња, 42.000 литри вода, други намирници и останата материјална помош. А преку уплата на жиро сметка на Фонд на солидарност се собрани 1.188.560 денари, односно речиси 20.000 евра.

Се собираат и парични средства, преку телефонската линија 143 400 на сите мобилни оператори.