Кина

Кина со воени вежби околу Тајван

19.08.2023 10:04

Кинеската војска започна вежби околу Тајван како „строго предупредување“ поради, како што го нарече, дослух меѓу „сепаратистите и странските сили“, соопшти Министерство за одбрана...

Кинеската војска започна вежби околу Тајван како „строго предупредување“ поради, како што го нарече, дослух меѓу „сепаратистите и странските сили“, соопшти Министерство за одбрана.

Вежбата следи неколку дена откако потпретседателот на островот отпатува на средби во САД.

Тајванското Министерство за одбрана остро ги осуди воените вежби на Пекинг, велејќи дека ќе испрати соодветни сили да одговорат и дека има способност, решителност и доверба да обезбедат национална безбедност.