Канада
Масовна евакуација на население во Канада поради пожари
19.08.2023 10:08
Повеќе од илјада шумски пожари беснеат низ Канада. Најкритично е на северозападните територии. Властите наредија масовна евакуација на населението...

Повеќе од илјада шумски пожари беснеат низ Канада. Најкритично е на северозападните територии. Властите наредија масовна евакуација на населението. Повеќе од 20 илјади луѓе од Јелоунајф со авиони веќе трет ден се транспортираат на безбедно.
Имавме прекин на комуникацијата кога возевме, за тоа кога тргнуваме и кога треба да стигнеме на безбедно. Моравме повторно да застанеме во ред уште шест часа.
Според властите, наредбата е донесена, делумно, да се овозможи непречен излез на населението додека пожарот е на далечина.
