Заврши меѓународната струмичка ликовна колонија – продуцирани нови 40 дела
Во Струмица заврши 60-тото издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија на која учествуваа 20 тина уметници од повеќе европски држави и од земјава. Годинава беа изработени нови 40 дела кои премиерно ќе бидат презентирани на 11 септември денот на ослободувањето на Струмица...

Вкупно 40 нови дела беа продуцирани на годинашново издание на меѓународната струмичка ликовна колонија. Изминативе денови околу 20 уметници од Романија Турција Бугарија Грција, Србија и Македонија твореа во повеќе ликовни техники во Струмица. Меѓу учесниците беше и ликовниот уметник Мирјана Крстева од Гевгелија која преку боите гледа можност за изразување.
На колонијата учествуваа и уметници и од соседството. Сите имаа слобода на творење при што оставија печат на колонијата и не го криеја задоволството од организацијата на колонијата.
На меѓународната струмичка ликовна колонија досега учествувале околу 1.600 уметници при што се создадени околу 2.800 дела. Годинашниве ќе бидат изложени на 11 септември Денот на ослободување на Струмица.
Ване Трајков
