Здравство
МЗ: Нема нови случаи со ККХТ
19.08.2023 19:26
Нема нови случаи на Конго-кримска хеморагична треска. Двајцата пациенти згрижени во инфективната клиника се стабилни. Не се очекува влошување на нивната состојба...

Нема нови случаи на Конго-кримска хеморагична треска. Двајцата пациенти згрижени во инфективната клиника се стабилни. Не се очекува влошување на нивната состојба.Според Министерството за здравство нема нови сомнителни случаи. Надлежните информираат дека и самата болест не се пренесува лесно.
Одржан е состанок на министерот Меџити со членовите на Комисијата по што изготвената информација ќе биде упатена до македонската Влада за организирање акциски план за превенција.
