Мексико

Ураганот „Хилари“ му се заканува на Мексико

19.08.2023 16:52

Ураганот „Хилари“ се приближи до Мексико во Пацификот како моќна бура од четврта категорија. 18.000 војници во состојба на готовност...

Ураганот „Хилари“ се приближи до Мексико во Пацификот како моќна бура од четврта категорија. 18.000 војници во состојба на готовност. На земјата и се закануваат поројни дождови во пограничниот град Тихуана, кој е подложен на свлечишта.

Синоптичарите предупредија дека невремето може да предизвика екстремни поплави, свлечишта, па дури и торнада.