Нигер
Делегацијата на Ековас на средба со хунтата
20.08.2023 09:49
Делегација од западноафриканскиот регионален блок на средба со водачот на хунтата на Нигер...

Делегација од западноафриканскиот регионален блок на средба со водачот на хунтата на Нигер со цел смирување на состојбата во земјата. Ековас на 10 август нареди распоредување сила на подготвеност за да се врати уставното владеење во Нигер.
Комесарот за мир и безбедност на Ековас, рече дека 11 од 15-те нејзини земји-членки се согласиле да ги ангажираат трупите на воена интервенција.
