Почна примената на новиот Закон за кривична постапка

02.12.2013 19:25

Издадени првите наредби, направен првиот записник за увид на самото место  од страна на јавниот обвинител. Истрагата  е во тек. Почна примената на новиот Закон за Кривична постапка. Во  прибирањето на доказите клучна улога  ја доби  јавниот обвинител. По известување од полиција на самото место излегува јавен обвинител со припадниците на правосудната полиција.

 - По однос на постапуувањето на полицијата и понатаму согласно Законот за полиција ги имаат истите овластувања за преземање на мерки за откривање на сторители на кривични дела, а понатаму постапката ја води јавниот обвинител со нивна соработка, вели Јавниот обвинител Зврлевски .

И повикувањето на распит во полициска станица и трагањето по осомничени лица  отсега ќе се реализира по  наредба од обвинителот.

 -Се редефинира постапката , меѓутоа полицијата и понатаму во целост стои на располагање на обвинителот, рече министерката Јанкулоска

Зврлевски тврди дека има доволен број обвинители за да одговорат на задачите. Со новините наместо истражен судија се воведува таканаречен судија во претходна постапка.

 -Во моментот се определени двајца судии во претходна постапка , со оглед на тоа што незнаеме со колкав обем ќе се соочиме во моментот, вели претседателот на Скопска единица Панчевски

Овие измени обезбедуват примена на највисоките принципи на човековите права, смета првиот човек на врховниот суд. 

 -Обезбедува еднаква ,брза и ефикасна  правда и процедурална правичност , еднаков пристап на странките во судот, оцени  претседателката на Врховен Неделковска

Новиот закон нема да важи за старите предмети. Ќе се решаваат по старо, велат од обвинителството. 

Автор:Наташа Гркова Петрушевска