МВР

Приведено лице што пукало во месноста „Јелак“, одземен му е пиштол

20.08.2023 17:55

Полициски службеници од СВР Тетово денеска околу 14 часот и 20 минути на Попова Шапка, во месноста „Јелак“ го привеле Б.Н.(29) од Скопје...

Полициски службеници од СВР Тетово денеска околу 14 часот и 20 минути на Попова Шапка, во месноста „Јелак“ го привеле Б.Н.(29) од Скопје, поради сомнение дека претходно пукал со пиштол што го поседувал со дозвола.

На местото пронајдени се 7 празни чаури кои се подигнати за вештачење, а пиштолот со празна рамка му е одземен. По целосно расчистување и документирање на случајот против Б.Н.ќе следува соодветен поднесок.