Холандија

Средба Зеленски-Руте

20.08.2023 18:13

Холандија и Данска се согласија да ги испорачаат американските борбени авиони Ф-16 на Украина...

Холандија и Данска се согласија да ги испорачаат американските борбени авиони Ф-16 на Украина. Ова го потврдија холандскиот премиер Руте и украинскиот претседател Зеленски во холандската воздухопловна база во Ајнховен.

Според премиерот Руте, во моментов се работи на создавање инфраструктура за безбедно слетување и полетување.

Притоа Зеленски и Руте ги посетија и авионите од петтата генерација во хангарот во базата во Ајнховен.