Временска прогноза

Сончево и многу топло, температура до 39 степени

21.08.2023 08:24

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне 39 степени...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Попладне во северните делови претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 8. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.