„Икс-Мен: Денови на идното минато“ во Скопје, пред премиерата во САД

22.05.2014 11:46

Станува збор за седмото продолжение на култниот серијал „Икс-Мен“ кое ќе се најде на редовниот репертоар на кино Милениум од вечерва.

Премиерата на „Икс-Мен: Денови на идното минато“ во кино Милениум е закажана за денеска, еден ден пред главните актери Хју Џекман, Џенифер Лоренс, Хали Бери, Мајкај Фасбендер и Питер Динклејџ да го промовираат филмот во САД.

Станува збор за седмото продолжение на култниот серијал „Икс-Мен“ кое ќе се најде на редовниот репертоар на кино Милениум од вечерва.

Во филмот „Икс-Мен: Денови на идното минато“ екипата на професорот Ксавиер и понатаму се бори за опстанок на мутантите. Предводени од Вулверин, патуваат низ времето и се враќаат во минатото за да ја пронајдат помладата верзија од себе си и да ги убедат да им се придружат во борбата за заедничката цел – опстанок на мутантите, но и луѓето.