ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да си даде оставка, тој и ЕУ се далеку како зима и лето
Ковачевски е далеку од ЕУ и заради заробеното обвинителство и судство, кои одлучуваат по партиски наредби, додаваат од партијата.

Ковачевски да си даде оставка, тој и ЕУ се далеку како зима и лето. Во ЕУ не се оди со криминална влада, каде тендерите и личните бизнис интереси на поедини моќници се пред доброто на граѓаните и државата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Ковачевски зборува за ЕУ, неговата сопруга и кум го шират бизнисот со фотоволтаици, купуваат земјиште за багатела, а неговиот коалиционен партнер Груби добива луксузни возила на користење од пријатели како да се работи за велосипед. Ковачевски е далеку од ЕУ и заради заробеното обвинителство и судство, кои одлучуваат по партиски наредби, додаваат од партијата.
Во ЕУ полицијата не чека со месеци да расветли убиство, ниту пак се краде оружје од полициски депоа. Ковачевски е далеку од ЕУ и заради упропастеното образование, здравство и култура. Далеку е Ковачевски од ЕУ, зошто додека тој работи за тесна клика луѓе околу него, во ЕУ работат за народот. Ковачевски нема капацитет да ја води Македонија кон ЕУ, стои во соопштението од партијата.
