Партии

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, ДПМНЕ е антиевропска партија

21.08.2023 08:46

ДПМНЕ е антиевропска партија, а Мицкоски дејствува против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди. Тој сака државата повторно да ја држи во 11 годишна изолација, нагласуваат од СДСМ.

Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски и ДПМНЕ се против членството во ЕУ. Во ДПМНЕ нема никаква промена, Мицкоски е ист како неговиот ментор, Никола Груевски. Цели 11 години Груевски и ДПМНЕ ја држеа земјата во изолација, далеку од ЕУ и НАТО, само и единствено за да го пљачкаат народот, а Мицкоски денес ја продолжува таа анти НАТО и анти ЕУ политика, соопштуваат од владејачката партија.

Додаваат дека Мицкоски беше против членството во НАТО и цело време работи против членството во ЕУ. Без ниту една забелешка за предложената содржина на уставните измени ДПМНЕ се обидува да ја блокира европската иднина на земјата.

ДПМНЕ е антиевропска партија, а Мицкоски дејствува против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди. Тој сака државата повторно да ја држи во 11 годишна изолација, нагласуваат од СДСМ.

Нема да дозволиме иднината на државата да е блокирана од страна на Мицкоски и ДПМНЕ и заедно со граѓаните ќе направиме сè да ја разбиеме таа блокада и ќе успееме во тоа, стои во соопштението од партијата.