Тенис
Ѓоковиќ го победи Алкараз и го освои турнирот во Синсинати
21.08.2023 08:52
За Ѓоковиќ ова е четврти трофеј во 2023 година и 95. титула во кариерата, а по трет пат го освојува турнирот во Синсинати.
Во спектакуларно финале на турнирот во Синсинати, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со резултат 5:7, 7:6 (9:7), 7:6 (7:4). Средбата траеше 3 часа и 50 минути.
Триесет и шестгодишниот Србин имаше два аса, пет грешки на вториот сервис и три брејк топки од 16. Дваесетгодишниот Шпанец забележа 11 аса, пет двојни сервис грешки и четири брејк топки од 10.
За Ѓоковиќ ова е четврти трофеј во 2023 година и 95. титула во кариерата, а по трет пат го освојува турнирот во Синсинати.
Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 6,6 милиони долари.
