АВТОМОБИЛИЗАМ

Двојна победа за Игор Стефановски-Иџе во Швајцарија

21.08.2023 08:56

На две трки до крајот на Европскиот шампионат на ридски патеки македонскиот автомобилист е лидер во Генералниот пласман...

Две победи на трките во Сент Урсан во Швајцарија за македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе. На првата трка го освои првото место и постави нов рекорд, додека на втората со време од 5,6 секунди беше подобар од второпласираниот тркач. На две трки до крајот на Европскиот шампионат на ридски патеки македонскиот автомобилист е лидер во Генералниот пласман.

Информацијата за својата победа Иџе ја објави на својот фејсбук-профил, постирајќи фотографија со развиорено македонско знаме качен на својот автомобил.

 

ФотоФејсбук/ Игор Иџе Стефановски