УКРАИНА

Спречен напад на украинско летало во регионот на Москва

21.08.2023 10:05

42 авиона Ф16 од Холандија и 19 од Данска ќе бидат испорачани во Украина, потврдија и двете земји...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека спречило напад на украинско беспилотно летало во регионот на Москва. 42 авиона Ф16 од Холандија и 19 од Данска ќе бидат испорачани во Украина, потврдија и двете земји.

„Повеќе од 70 луѓе од Украина сега се на терен овде и се подготвуваат за обука. Целта на оваа донација е да ја одбраниме Украина. Обуката наскоро ќе почне и се надевам околу Нова Година, првата група авиони ќе ја напуштат Данска, и ќе заминат во Украина“, изјави Мете Фредериксен, премиерка на Данска.

„Ова ќе биде огромен притисок за другите земји кои се сомневаа дали да ни обезбедат или не борбени авиони“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Зеленски се пошегува дека Украина ќе биде подготвена да го замени Белгород, руска територија за членство во НАТО.