СЕВЕРНА КОРЕЈА

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети на воен брод на морнарицата

21.08.2023 10:08

Лансирањето имаше за цел да ја потврди „борбената функција на бродот и карактеристиките на неговиот ракетен систем“...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирање на стратешки крстосувачки ракети на воен брод на морнарицата, објавија државните медиуми. Лансирањето имаше за цел да ја потврди „борбената функција на бродот и карактеристиките на неговиот ракетен систем“.

Тестот следи откако Вашингтон, Токио и Сеул договорија да соработуваат и да споделуваат информации за безбедноста.