свет

Викендов, илјадници демонстранти протестираа во Нигер за поддршка на воените власти

21.08.2023 10:11

Пучот веќе го осудија неколку земји, а блокот на западноафриканските држави се заканува со воена интервенција за враќање на Нигер кон уставните правила...

Водачот на државниот удар во Нигер вети дека ќе ја врати западноафриканската нација под цивилна управа во рок од три години. Викендов, илјадници демонстранти протестираа во главниот град како поддршка за воените власти. Граѓаните побараа да запре заканата од воена интервенција. Пучот веќе го осудија неколку земји, а блокот на западноафриканските држави се заканува со воена интервенција за враќање на Нигер кон уставните правила.

ЕКОВАС бара итно ослободување на соборениот претседател Мухамед Базум. Нигер како една од најсиромашните западноафрикански земји се соочува со економски санкции и ембарго од соседите.