ЕКВАДОР
Двајца кандидати во втор круг во трката за претседател на Еквадор
21.08.2023 10:14
Во трката учествуваа 8 кандидати...

Кандидатот на левицата Луиза Гонзалес и центристот Даниел Нобоа ги зазедоа првите две места во првиот круг од претседателските избори во Еквадор. Според прелиминарните резултати врз основа на повеќе од 70 насто од преброените гласови, двајцата освои најмногу гласови.
Во трката учествуваа 8 кандидати. Над 100 илјади полицајци и војници ги обезбедуваа предвремените претседателски избори. Безбедносните мерки беа засилени по убиството на кандидати за претседател и политичари, овој месец.
