КАЛИФОРНИЈА

Тропската бура „Хилари“ ја погоди Калифорнија

21.08.2023 10:18

Кратко пред тоа сојузната држава регистрираше земјотрес од 5,1 степени, но без поголеми штети...

Тропската бура Хилари се спушти долж мексиканскиот брег кон западното крајбрежје на САД и ја погоди Калифорнија. Кратко пред тоа сојузната држава регистрираше земјотрес од 5,1 степени, но без поголеми штети. Жителите се евакуираа, затворени се парковите и плажите поради можни поплави, силни ветрови и изобилни дождови.

„Хилари“ во Мексико однесе и човечки жртви.