Пченка- извор на витамини и антиоксиданси

21.08.2023 11:05

Помага во борбата против високиот холестерол и го регулира крвниот притисок. Богата е со витамин Ц, магнезиум, Б витамини, а здрава е затоа што има многу малку маснотии – помалку од еден грам во едно клавче.

Здравствените предности на пченката се многубројни. Покрај тоа што не содржи глутен, пченката е и добар извор на растителни влакна – половина од едно парче содржи околу три грама растителни влакна.

Помага во борбата против високиот холестерол и го регулира крвниот притисок. Богата е со витамин Ц, магнезиум, Б витамини, а здрава е затоа што има многу малку маснотии – помалку од еден грам во едно клавче.

Витаминот Ц е важен за обновување на клетките, како и за силен имунитет, но тој е добар еликсир и против стареење. Б-витамините се важни за енергијата на метаболизмот, додека магнезиумот е одличен за нервниот систем и контракции во мускулите.

Пченката, исто така, е богата и со антиоксиданси, кои се од исклучителна важност за здравјето.