МВР

Приведен крадец во Куманово, одземеното вратено на сопственикот

21.08.2023 11:23

Тој го признал извршеното кривично дело и бил задржан во полициска станица. Украденото било вратено на сопственикот...

Во саботата во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И.(31) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршил кражба од приватен имот во Куманово, при што одзел повеќе предмети.

Тој го признал извршеното кривично дело и бил задржан  во полициска станица. Украденото било вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.