Царината спречи шверц на метамфетамин

22.05.2014 12:09

Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство во Куманово...

На граничниот премин Деве Баир, царинските службеници спречија шверц на метамфетамин. Имено, на 20 мај 2014 година, околу 19:50 часот, на граничниот премин за влез во Република Македонија се пријави патничко моторно возило со  македонски регистарски таблички, управувано од возачот Р.Б. и совозач Ј.Л. и двајцата македонски државјани. Откако лицето со иницијали Ј.Л  било селектиран за претрес, од страна на царинските службеници  е упатен кон просторија на самиот граничен премин во која се врши личен претрес. Пред да влезе во просторијата, осомничениот во еден момент се исплашил и од левиот џеб од неговата тренерка фрлил проѕирно најлонско кесе на подот пред влезната врата од зградата.  Во  кесичката, царинските службеници пронајдоа 96 парчиња таблети со жолтеникава боја и непознат состав, на кои била втисната ознака „М”.

По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Куманово сите 96 таблети се доставени до МВР-Оддел за криминалистичка техника заради вештачење. Според извршеното вештачење, таблетите претставуваат психотропна супстанца метамфетамин која делува на централниот нервен систем и истата е класифицирана во листа II на забранети опојни дроги и психотропни супстанци, соопштуваат од Царината.

Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство во Куманово.  Судијата при надележниот Основен суд Куманово, на претходна постапка на осомничениот Ј.Л му одреди притвор во траење од 30 дена додека  на  Р.Б одредени му се мерки на претпазливост - обврска да се јавува во просториите на Основниот суд Куманово како и привремено одземање на патна исправа.