Македонија

Во Куманово пензионерите поделени, но со исти барања

21.08.2023 13:15

Се поделија кумановските пензионери. По жестока расправа и меѓусебни обвинувања, паднаа и оставки од иницијативниот одбор. Дел од пензионерите револтот сакаат да го изразат на улиците и градските плоштади. Не се договорија дали од утре ќе се протестира и на кој начин. Сепак остануваат на двете барања за линеарно покачување и закон за минималната плата …

Жестоко, со расправа но и оставки од иницијативниот одбор, помина денешниот протест на кумановските пензионери. Дел од нив со поддршка на сограѓаните кои досега се залагаа, други со нови барања да се протестира на улиците, градските плоштади. Средбата заврши со меѓусебни обвинувања, париите си го направиле своето, ги разделиле.

„Имам 12 илјади денари пензија, мажот со 20 илјади денари пензија и студент од септември јас знам како ќе се издржуваме. Застанав заради себе, а потоа и заради сите вас, благодарам на довербата, ќе ги подржам протестите, но од сега ќе бидам на другата страна-истакна Љубица Алексовска Костиќ, од иницијативен одбор во Куманово.

„Цели 30 години работат на системот раздели на владеј и сега им успеа. Ги разединија пензионерите и сега немаме одбор, координативно тело и сме оставени сами на себе-вели друга пензионерка“, изјави Мирјана Андевска, пензионерка од Куманово.

Не се договорија дали од утре ќе простираат на отворен простор, или ќе продолжат како и досега секој понеделник во просториите на здружението.

„Дали сте вие за утре да тргнеме на плоштади барањата се знаат покачување за 3.500 денари кои сега се 1.500 со покачување на цени на се. А сите знаеме за 78 отсто кои се покачени тие ги заработија парите седејќи во канцеларии“, истакна друг пензионер.

Кумановските пензионери веќе три седмици бараат линеарно покачување на пензиите и носење на закон за минимална пензија. Не добија поддршка од матичното здружение. Оттаму пак велат и ние бараме зголемување на пензијата, но не на овој начин со партизирани протести.

„Најголем вентил на овие луѓе ќе биде ако успееме партиципацијата на лекови, болничките лекувања и закажување на лекарските прегледи. Пензионерите најмногу трошат таму средства“, истакна претседателот на Здружението на пензионери на Куманово.

Кумановското здружение брои над 15.000 членови.

 

Елена Георгиевска