Велес

Дистрибуцијата на антидијабетната терапија до пациентите ќе трае до две седмици

21.08.2023 13:26

Пациентите со дијабетес ќе ја добијат потребната терапија а од Сојузот на дијабетичари работат за да не се повтори состојбата осум месеци да се без неа, затоа да се воведе терапија по референтна цена …

По Фејсбук објавата на министерот за здравство Фатмир Меџити, дека е решен наследениот проблем со лицата со дијабетес, за инсулинска игла, апаратчиња за мерење шеќер, ленти, од Сојузот на здружението на дијабетичари очекуваат дека процесот на дистрибуција ќе потрае околу две седмици бидејќи има 44 илјади пациенти на инсулин терапија.

Решавањето на состојба со немањето на потребната антиинсулинска терапија, која 136 илјади лица со дијабетес во Македонија, остави осум месеци без неа, е приоритет велат од Сојузот. Тие работат по примерот на Словенија, Хрватска, каде се работи на друг принцип, се со цел пациенти никогаш да не останат без терапија.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, минатата година новодијагностицирани со дијабетес во земјава биле 7.460 пациенти.

 

Петар Печков