Том Круз наводно веќе не е дел од скиентолошката заедница
Ова не е првпат да се говори за „оддалечувањето“ на Круз од скиентологијата. Гласините почнаа во 2021 година, кога американските медиуми пишуваа дека Круз има „религиозна криза“, наводно обидувајќи се „да се ребрендира“ како „филмска мегаѕвезда“, наместо „г-н скиентологија“.

И покрај тоа што е познат како „златното момче“ на скиентологијата веќе со децении, наводно, Том Круз престанал да го посетува седиштето на британската заедница, и покрај тоа што престојува во Велика Британија околу три години додека ги снима своите најнови филмови. Тоа повторно ги поттикна гласините дека ѕвездата од „Топ ган“ и „Невозможна мисија“ веќе не е дел од скиентолошката заедница.
Ова не е првпат да се говори за „оддалечувањето“ на Круз од скиентологијата. Гласините почнаа во 2021 година, кога американските медиуми пишуваа дека Круз има „религиозна криза“, наводно обидувајќи се „да се ребрендира“ како „филмска мегаѕвезда“, наместо „г-н скиентологија“.
Круз сѐ уште не ги коментирал овие наводи.
