ТУРЦИЈА

Автобус падна во бездна кај турскиот град Јозгат

21.08.2023 13:58

Според првичните податоци, возачот изгубил контрола над возилото и преминал на спротивна лента по што паднал во провалија...

12 лица загинаа, а 20 се повредени откако патнички автобус падна во бездна кај турскиот град Јозгат. Автобусот сообраќал од Сивас до Истанбул.

 Според првичните податоци, возачот изгубил контрола над возилото и преминал на спротивна лента по што паднал во провалија.