Џафери ги отфрли тврдењата дека го прекршил Деловникот
Претседателот на Собранието се повика на членот 81 од Деловникот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на прес-конференција ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека постапил неделовнички кога го одложил гласањето за потребата за уставни измени по исцрпувањето на листата на говорници на пленарната седница на 18-ти август.
Претседателот на Собранието се повика на членот 81 од Деловникот.
Седницата беше свикана за 18 август според глава 5 на Деловникот во која се пропишани чекорите за текот на една седница, рече Џафери. Како што кажа, продолжението завршило со негова констатација дека претресот е завршен и дека за тоа кога ќе продолжи седницата пратениците ќе бидат дополнително известени.
ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини Џафери дека не го почитувал Деловникот на седницата за потребата за уставни измени.
