Двајца повредени, 16 мигранти откриени, откако возило удри во семафор во Струмица
Две лица се повредени и префрлени во струмичката болница откако возило кое превезувало мигранти удри во семафор на улицата „Климент Охридски“ во Струмица. Според полицијата откриени се вкупно 16 мигранти од Сирија, а возачот побегнал од местото на инцидентот...

Две лица се потешко повредени откако патничко моторно возило со мигранти удри во семафор на раскрсницата со „Климент Охридски“ во Струмица. Сообраќајката се случи синоќа, а возачот по инцидентот го напуштил возилото и побегнал. Полицијата соопшти дека во патничкото возило „Фолскфаген туарег“ имало 17 патници од кои 16 биле мигранти, а на совозачкото место бил жител од Блаце кој со еден мигрант завршиле во струмичката болница.
Последниов период повторно зачестија обидите за криумчарење мигранти во југоистокот. Речиси секојдневно МВР регистрира обиди за илегално преминување на македонската територија и криумчари кои со возила пренесуваат лица од јужната граница со Грција до соседна Србија.
За првите шест месеци од годинава регистрирани се 5.018 обиди за преминување на државната граница.
Ване Трајков
