ГРЦИЈА
Пет села се евакуирани во Александрополис поради големиот шумски пожар
21.08.2023 14:30
Едно лице загина во грчката префектура Беотија, северно од Атина, каде што пожарникарите и натаму се борат со пламените јазици..

Пет села се евакуирани во Александрополис, североисточна Грција, поради големиот шумски пожар кој трет ден беснее неконтролирано. Едно лице загина во грчката префектура Беотија, северно од Атина, каде што пожарникарите и натаму се борат со пламените јазици.
Пожари беснеат и на островот Евија.
