Ракомет
Стандарден избор на Обрван
22.05.2014 12:24
Меѓу 28-мината ракометари се и Филип Талевски, Мартин Манасков и Мартин Велковски од Металург јуниор, што посочува дека Обрван можеби во скоро време ќе се обиде да го подмлади националниот тим...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, го објави списокот на играчи за претстојниот бараж двомеч со Грција за пласман на Светскиот шампионат во Катар. Во конкуренција за настап се и Наумче Мојсовски и Стојанче Стоилов, кои се повредени, но добиваат шанса да се рехабилитираат и да го облечат дресот со државниот грб за јунските натпревари. Меѓу 28-мината ракометари се и Филип Талевски, Мартин Манасков и Мартин Велковски од Металург јуниор, што посочува дека Обрван можеби во скоро време ќе се обиде да го подмлади националниот тим.
Најголемиот дел од играчите и претходно беа столбови на македонската репрезентација: Петар Ангелов (Вардар), Борко Ристовски (Ал Ахли), Никола Митревски (Металург), Стефан Кимевски (Металург), Дејан Манасков (Металург), Гоце Ојлески (Металург), Владо Недановски (Вардар), Влатко Јовчевски (Вардар), Гоце Георгиевски (Металург), Златко Мојсоски (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Металург), Ванчо Димовски (Металург), Наумче Мојсовски (Металург), Филип Лазаров (Вардар), Дејан Пецаковски (Металург), Аце Јоноски (Металург), Велко Маркоски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Никола Стојчевски (Редбергслид), Немања Прибак (Вардар), Кире Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Ренато Вугринец (Металург), Дарко Димитриевски (Пуерто, Сагунто), Мартин Велковски (Металург јуниор), Мартин Манасков (Металург јуниор) и Филип Талевски (Металург јуниор).
Натпреварите со Грција се на седми јуни во Атина и на 15-ти јуни во Скопје.
