Временска прогноза

Сончево и многу топло, температура до 39 степени

22.08.2023 08:10

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. УВ индексот ќе изнесува 8. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 37 степени.