На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу половина час
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 40 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
