СДСМ: ДПМНЕ е антиевропска партија која не сака да бидеме членка на ЕУ
Христијан Мицкоски е против ЕУ, како што беше и против членството во НАТО. Ист како Груевски кој 11 години го блокираше членството во НАТО и земјата ја држеше во изолација и надвор од европските интеграции- соопштуваат од СДСМ.

Јасно е дека ДПМНЕ е антиевропска партија која во суштина и не се разликува од политичката партија Левица. Истовремено, Христијан Мицкоски е против ЕУ, како што беше и против членството во НАТО. Ист како Груевски кој 11 години го блокираше членството во НАТО и земјата ја држеше во изолација и надвор од европските интеграции- соопштуваат од СДСМ.
Додаваат дека е скапа цената на таквите блокади на Мицкоски и ДПМНЕ, тие значат уште 11 години загубени години за целиот наш народ, за нашата држава, но нашите граѓани немаат нови децении за губење. 80% од македонските граѓани се за членство во ЕУ, дури една четвртина од гласачите на ДПМНЕ се за членство во ЕУ.
Членството во ЕУ значи економски просперитет, подобар животен стандард, поголеми плати, социјална правда. СДСМ, заедно со граѓните, заедно со проевропскиот блока нема да дозволи ДПМНЕ да ја загрози европската иднина на државата, стои во соопштението од партијата.
