Ковачевски за МИА од Атина: Повеќе не смееме да останеме заглавени во чекалната на Европската унија, потребна е храброст и одлучност
Во изјава за МИА, премиерот говори за ЕУ перспективата на земјава, за процесот на уставни измени, но и за регионалната соработка...

Повеќе не смееме да останеме заглавени во чекалната на Европската унија, потребна е храброст и одлучност – оваа порака ја испрати македонскиот премиер Ковачевски во интервју за државната агенција МИА, веднаш по неформалната вечера во Атина што ја организираше неговиот грчки колега Мицитакис за лидерите од Балканот со челниците на ЕУ. Повод за состанокот беше 20-годишнината од Солунската агенда.
Во изјава за МИА, премиерот говори за ЕУ перспективата на земјава, за процесот на уставни измени, но и за регионалната соработка. Детално се осврна на важноста на европската иднина на земјава, велејќи дека продолжувањето на европската интеграција е прво преку изгласување на уставните измени во Собранието, а потоа и отворањето на кластерите, поглавјата, затворање на кластерите и поглавјата, реформирање на нашето општество и зачленување на земјата до 2030 годна во ЕУ.
Ковачевски разговараше и со шефицата на Европската комисија Фон дер Лајен. Главна тема, уставните измени и европската перспектива на земјава. Оствари средба и претседателката на Молдавија Маја Санду, за која рече дека б била на барање на Санду. За денеска е закажана средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
